Long time – no see.🙂
Oвој пат, би сакала да ви пренесам дел од талентите на две млади, креативни и талентирани девојки, чиј идентитет е веќе добро познат во пошироката јавност, истакнувајќи се со својата исклучителна оригиналност, и остро око за добар естетски финиш.

Имајќи можност да остварам супер соработка и дружба со фотографката Ерина Богоева, и дизајнерката Фросина Ангеловска ( ФРАН ), истовремено имав можност да посведочам и на фактот дека креативноста навистина не познава граници!

10596068_4413248786438_595039778_n

Модното студио ФРАН, во чиј состав влегуваат модната дизајнерка Фросина и нејзиниот креативен тим, претставува место каде што креативноста и уметноста се испреплетуваат во едно, и се создаваат дела достојни за восхит.

Користејќи го својот истакнат талент од областа на шминкањето, Фросина овој пат беше задолжена за make – up делот, кој резултираше со екстравагантност и иновативност, со цел да се зачува личниот печат во една од своите дејности.
DSC_93691378887_599302530115290_1371767473_n

( Со кликање на болдираниот текст и сликата, се поврзувате со нивната официјална FACEBOOK страна )

Со портфолио кое постојано расте, Фросина дефинитивно привлекува големо внимание на македонската модна сцена, додека модното и креативно студио ФРАН успешно ги задоволува барањата на се` повеќе клиенти, и станува се` попрепознатливо во својата област.


DSC_9390

DSC_9411
DSC_9521DSC_9480


Кога сме кај уметноста и убавината во создавањето, тука е и втората шармантна и исклучително талентирана девојка, Ерина, која беше задолжена за фотографскиот дел, и главниот виновник за реализирањето на еден ваков проект.  :-)

1889006_10151968732053741_484119738_o

Целосно обземена од идејата на уметноста како начин на живеење, таа постојано изненадува со своите прекрасни фотографски дела, кои зрачат со големи емоции, експресивност и оригиналност.

Ерина, која е родум од Скопје, активно се занимава со фотографија веќе шест години, додека моментално успешно ги завршува магистерските студии за филм, телевизија и екранска индустрија, на универзитетот во Нотингем.

Покрај нејзините безброј афинитети, Ерина сепак најголема страст чувствува кон фотографијата, додека најголема пасија и се портретите, за кои вели дека секој од нив претставува уникатен примерок, кој сведочи за еден одреден момент од животот.

Разгледајте го нејзинoто портфолио на behance.net/erinabogoeva и ѕирнете во нејзиниот инстаграмски свет, кој изобилува со безброј нејзини уметнички дела.

Уживајте!🙂
хохо

( Со кликање на болдираниот текст, се поврзувате со нeјзините профили )

DSC_9450DSC_9400DSC_9490DSC_9539

DSC_9516