Веселата игра меѓу креативноста и актуелните трендови за летен маникир, овој пат резултираше со дела достојни за восхит. Забавниот дух на летото целосно дојде до израз преку мини уметничките дела на нашите нокти, создадени од еден прекрасен тим специлијализиран во својата област.

Блогерската дружба со модната блогерка Александра од блогот Александрина Везилка, одржана во првиот nail bar во Македонија – > Nail Bar Jasmine ( лоциран во Веро Центар ), претставуваше вистинско задоволство, додека креативните и крајно професионални девојки од тимот на Nail Bar Jasmine – направија тоа задоволство да се издигне на едно повисоко ниво. Нивниот професионално едуциран персонал, навистина е умешен во својата работа, и секогаш расположен за креативно изразување.

За време на целиот процес, јас и Александра имавме можност да се релаксираме и да споделиме како што вели таа на нејзиниот блог – дузина сочни модни озборувања хаха, додека тимот од Jasmine се погрижи нашите нокти да изгледаат модеро, негувано и пред се` –  здраво.

Погледнете ја галеријата со фотографии подолу, а потоа клик тука да ги погледнете и ноктите на Александрина Везилка.
Уживајте!10300170_10203171278235990_886588847555083969095_n10300781_10203171286236190_2090233860119184896_n10347704_10203171301436570_413861497093152681233_n10313152_10203171280716052_4991261237879187284_n10469699_10203171308196739_8816138368823823637_n10402649_10203171316716952_53739067743522198545_n1545897_10203171306316692_5356900193572892277_n10373509_10203171304836655_2483040737746048300_n