DSC04870
Некаде при крај сум со замената на зимската со пролетна гардероба, при што ми е ептен мило – затоа што едвај чекав да се ослободам од дебелите џемпери и многуте слоја облека на мене. Сезонското уредување на плакарите ми претставува вистинско уживање и задоволство – нормално се додека не се направи еден completely mess кај мене во соба. Е тогаш, започнува целиот процес да ми здосадува и едвај чекам да завршам со преуредувањето.😀

Во мојот денешен пост, ќе пробам да направам еден мини introducing my wardrobe прилог, кој се надевам ќе излезе како успешен обид.

DSC04894Некои од работите кои сметам дека имаат потреба да бидат закачени на закачалка се наоѓаат тукму во овој дел. Голем дел од кошулите се сместени тука, како и дел од фустаните и сакоата кои ми се почесто на дневен ред за носење.

DSC04876DSC04888Имам некој чуден disorder кон закачалките, секогаш мора да ми бидат свртени со врвот кон напред, инаку ме фаќа страшна паника кога ќе ги видам во обратна насока. It drives me crazy! Има една што се издвојува од сите, со некоја чудна форма и мора да биде обратно поставена. Во најбрзо време морам да ја сменам хахах.😀

DSC04875DSC04867DSC04892Тука ми се сместени поголемиот дел од блузите и во фаза на додавање сум се`уште на пролетна гардероба. Ги класифицирав според ,,носливост”. Оние што ги носам почесто и ми се поомилени – се наоѓаат напред, а оние што ги носам поретко (а некои и воопшто не ги носам) се наоѓаат во задниот дел. Во секој случај, подобра прегледност имам ако ништо друго.😀

Најгоре оставив неколку дебели џемпери, во случај да му текне повторно на времево да изненади. Who knows.

DSC04879DSC04880DSC04883DSC04882And the last part е делот со панталони, фармерки и сукњи.

DSC04884DSC04885DSC04887DSC04858
Сакам кога имам место за се’, и кога се’ е на свое место!
🙂

xoxo
Alexandra