vintage_rose_flower_basket_round_sticker-rd73c825ad40a44f58c53e8260c1ad6ba_v9waf_8byvr_512

Модните дизајнери,  многу често знаат да се навратат и да ,,ѕирнат” во некои претходни епохи, нормално во потрага по било каква инспирација. Па така, темата на многу колекции досега, е токму онаа што ја споменав погоре – vintage.

Врз основа на ова, денеска vintage стилот е ултра популарен ширум светот, а многу пати она што е актуелно знае да биде и доста дискутабилно – како во овој случај, при што доаѓа до една голема кондрадикторност меѓу оние што им се допаѓа овој начин на облекување, и меѓу оние што не го поддржуваат, не им се допаѓа и го сметаат по нашки речено, за бапски или старомоден, односно непривлечен.

So, let’s start.

ПОТЕКЛО
Терминот vintage го употребувале всушност лозарите уште многу одамна, за да идентификуваат одреден период т.е сезона во која растело грозјето, одреден гроздобер а го користеле и за да опишат некоја сорта на вино (најчесто од оние подобрите) од одредена жетва. Но, со тек на времето овој термин започнува да навлегува во секојдневниот јазик, при што неговата главна намена денеска е да се опише годината, односно периодот во кој е ,,нештото” направено. Во поново време, винтиџ стилот не означува само стари или second – hand работи, него како што споменав и погоре, ја посочува и ерата од која потекнува и е карактеристична за него, пример како 1940, ’50-те години итн.
tumblr_mjq376eIAQ1rd9ybxo1_500

ИДЕНТИФИКАЦИЈА
Не постои конкретен ,,договор” за целосно идентификување на нештото дека е vintage, наместо retro(ретро) или antique(античко). Но, сепак постои едно универзално правило кое вели дека сето што е постаро од 50, но сепак не надминувајќи ја бројката од 100 години е vintage. Па така, пример едно столче кое е старо околу 150 години е декларирано како античко, часовник направен пред 20-тина години е ретро, додека некоја ламба пример која датира од пред 50-тина години е ставена во групата на vintage. Иако, неминовно е да се каже дека овие поими доста многу се мешани од страна на народот, но никогаш нема да штети еден добар google search пред да класифицираме нешто во одредена група. Но, ништо страшно и да згрешиме, признавам дека и јас често ги мешам поимите.😀
tumblr_me9wksMnGW1r2hxe3o1_500

ВИДОВИ
Иако, винтиџ начинот на облекување е ултра популарен годиниве наназад, како и пасијата што е наголемо застапена за поседување на одредени парчиња облека, накит или аксесоар од минатото, сепак винтиџ стилот вклучува многу повеќе од само парчиња облека.
Пример, со додавање на обична карирана памучна престилка за маса во кујната, и одредени стари кујнски додатоци – инстантно ќе добиеме еден винтиџ кујнски изглед.😀
tumblr_mca25qyvCF1qks8ero1_500

***

Бројни винтиџ работи може да најдеме во second – hand продавнички ( кои морам да признаам ги има во прееееемал број кај нас, за жал😦 ), но сепак најдобро место за ,,посвојување” на еден куп вакви работи се можеби шареноликите плакари на нашите мајка и баби, подрумите со разно разни складирани стари работи или пак можеби изворот на бројни винтиџ работи се наоѓа во големите пакети со разни дрангулии лоцирани на таванот?!

tumblr_m368sz3Ijh1r76eiao1_500

Одберете си ден кој ќе го посветите целосно на пронаоѓање vintage предмети или пак парчиња облека низ дома, доколку имате, верувам и тврдам дека нема да зажалите од резултатот. Јас веќе одамна го сторив тоа, а исходот беа еден куп парчиња првенствено од баба, ( damn, she was so modern! ) и еден куп на накит од колекцијата на мајка ми.😀

Ви благодарам за посетата и имајте убав остаток од денот!
And, of course, stay vintage!😉

You will never know how cute vintage looks on you – until you try it on.
😀

xoxo
Alexandra


PinkRoses11