Во дефицит на време и место, дел од сликите се сликани дома. Малце ми е криво, сакав да бидат на некое место со убава позадина, ама тоа е што е. Искрено, не ми се допаѓаат нешто многу слики фотнати дома – па тој истиот материјал да се употреби на блогот, така да ќе гледам во иднина да бидат сликите барем на дневна светлина ( затоа што блицот ме мрази многу! ) и на подобра локација🙂

Уф, конечно завршив со местото за сликање – мојата ноќна мора хахах, сега сакам да кажам и некој збор за комбинацијата, ветувам нема да бидам долга, ќе гледам да скратам колку што можам највеќе. Првичната замисла на комбинацијава ми беше со сосем други парчиња, ама на крајот ми текна да направам нешто што ќе биде all in white, и се решив за Celine маичката, затоа што ми е единствена бела блуза што ја имам. Добро, лажам, не ми е единствена хахаха😀, ама омилена ми е од белите, де😀. Не дека сум буквално ал ин уајт – ми фалеа доста бели парчиња што ги немам за да си ја реализирам идејата, ама секогаш постојат алтернативи, нели?😉

Обетката со бувчето ја сакам многу!
Ама делот со бувот ме нервира страшно многу – затоа што и не сум некој голем обожавател на истите, и ќе гледам некако да го ,,замаскирам”. Најверојатно ќе употребам златен лак😀

xoxo
Alexandra.

DSC04367 modified modified

LANA

DSC04368 modified

DSC04346 modified

DSC04356 modified

DSC04364 modified