Здраво и од мене :).
Баш размислував дали да започнам и јас некој блог, прилично долг период константно разгледувам и следам блогови на некои супер девојки, со одличен стил – кои сметам дека заслужено ми го задржале вниманието, само не бев очигледно доволно храбра да започнам со постирање.

Вчера една од нашите македонски блогерки, Илина
( http://darkbloomv.wordpress.com/ ), конечно ме убеди да си направам и јас едно блогче, при што сум и мноооогу благодарна за поддршката и за помошта при неговото формирање, да не беше она – тешко и дека ќе се снајдев некако хахахах. 😀 Тенк ју, тенк ју вери мач 😀

Инаку јас сум Александра, живеам во Скопје и сум трета година средно образование.
Со оглед на обврските како со училиштето, така и оние надвор од него – ќе се потрудам да најдам доволно време за да му се посветам и на блогот,  за да функционира како што треба – затоа што сметам дека на еден блог му треба добро и квалитетно одржување. Можете слободно да ме најдете и на фејсбук
( http://www.facebook.com/alek.sandra.980 ), за било каков коментар во врска со блогов, неговото функционирање, забелешка, критика некоја ако имате, а немате блог и не сте во можност да коментирате тука, слободно пишете ми таму :).
Како за почеток, ќе стартувам со една комбинација која ја носев пред некој ден.
На Celine маичката и предвидувам вадење на маста хахах, затоа што едвај чекав да имам една како неа, и премногу и се израдував. 😀

BLOG1 modified

BLOG5

BLOG4

BLOG3

BLOG2
BLOG6 modified

 И да, гооолема благодарност и до Стефани, која се нафати да ме слика.
🙂